CAMP & KAYAK EVENT 2022 – Апсолутен BESTSELLER од минатата година!
ДАТУМ: 28/29 МАЈ
Здраво друштво! Еве нѐ повторно со нова, забавна авантура! Овојпат ве носиме на кајакарење по Црн Дрим и Глобочичко Езеро. Турата е соодветна за почетници и за напредни или надежни веслачи! Ќе ги истражуваме живописните пејзажи во околина, ќе весламе низ зеленилото, ќе се забавуваме и најважно, ќе бидеме физички активни!
Во сабота, 28ми мај, имаме организиран превоз до село Ташмаруништа – местото од кое влегуваме во вода. Секој од нас ќе добие свој кајак и елек за спасување, а за време на авантурата со нас доаѓа и водич кој ќе ни ги објасни основните правила и принципи околу веслањето кајак.
Недела, 29ти мај, ве водиме на рекреативна прошетка околу Вевчани, Вевчански извори, до домот Јанков Камен.
Престојот е во нашиот најубав Камп Скаут во Струга. Таму добиваме се’ што е потребно за една камперска дружба: сместување, храна, логорски оган, гласна музика, lazybags, кино на отворено!