Image Alt

camp&chill

CAMP&CHILL ВИКЕНД СО ADVENTUREMK

CAMP&CHILL

 

Кампери, се слушаме?!

 

Датумот е 4-6ти Јуни, местото е веќе познато, а мотото е CAMP&CHILL.

 

Пакувајте шаторите, одиме во камп Скаут на незаборавен викенд полн со дружба, лудории и активности препознатливи за камперски одмор!👊🏽😎

 

Ви спремивме фул агенда, да заборавите на сите грижи и да се препуштите на магијата! Ова е трет настан кој го организираме и ќе биде ултра забавен!🥳

 

Кои сме ние и како до оваа идеја?

Ние сме Ана и Мане, ентузијасти за активности во природа и број еден фанови на добри кампинг места, позитивна атмосфера и лабави луѓе! Ако и ти се пронаоѓаш во овој опис, продолжи да читаш!

 

Што ви нудиме?

🏕️2 ноќевања

🥨4 оброци

👯забавни друштвени игри

🤸‍♂️утринско вежбање

🎶музичка вечер

🎬кино на отворено

💁🏽‍♀️многу нови пријатели

 

Овој викенд е наменет за вистинските кампери! Може да ни се придружите со ваш шатор кој ќе си го поставите во тревникот или да си резервирате шатор од кампот кој го добивате целосно опремен и спремен за користење🤩

 

Сакаш да дојдеш со миленик? Нема проблем. Ние сме pet friendly🐶

 

Вегетаријанец/веган си? И за тоа нема проблем. Кога ќе го пополнуваш формуларот, не заборавај да ни кажеш за да можеме да ти обезбедиме соодветен оброк🍴

 

Цените на пакетите се следни:

-НОЌЕВАЊЕ ВО СОПСТВЕН ШАТОР

1200 мкд

-НОЌЕВАЊЕ ВО ИЗНАЈМЕН ШАТОР

1400 мкд

 

***Цените се по лице и бројот на пријавени е ограничен. Не чекај да ти го земат местото! Знаеш каква екипа сме ние, се договараме за 5 минути и веќе нема место за овие што се мислат многу😜

 

За да се регистрирате потребно е да изберете еден пакет, да ги пополните информациите и да извршите уплата со што вашето место ќе биде загарантирано!😎

 

Доколку имате проблем при регистрација, контактирајте нѐ на нашиот Инстаграм профил @adventure.mk или @camping.scout или преку официјалниот емаил hi@camp.mk 🤗

 

На вашата емаил адреса ќе добиете потврда за успешна уплата, како и линк од Фејсбук група во која ќе бидат вклучени сите пријавени. Во истата ги дознавате сите детали!😁

 

Ви ветуваме опуштање до даска!😜

До тогаш, се најдобро и се гледаме на CAMP&CHILL во најдобриот камп во Македонија – камп Скаут!🏕️

 

CampingScout x AdventureMk

Местата се ограничени, да не речете дека не кажавме 🙂

Цените се искажани по учесник за целиот пакет, со вклучени 2 ноќевања, 4 оброци и сите активности.

Регистрирај се веднаш!!!

На календарот одберете датум на пристигнување и датум на заминување.

Booking resource does not exist. [ID=89]
  1. Основни Правила за престој во Камп СКАУТ – Струга
    1. Во периодот од мај до септември, рецепцијата е отворена секој ден од 08:00 до 22:00 часот, и влез на возила во кампот е дозволен само во тој период. Во периодот од 22:00 до 8:00 часот во кампот е присутен ноќен чувар кој се грижи за безбедноста на гостите. Дополнително, кампот има склучен договор со агенција за обезбедување која дополнително го гарантира мирот на гостите.
    2. Резервација во кампот се прави преку електронска пошта на hi@camp.mk, со испраќање на точни податоци за видот на сместување и должината на престојот, за што ќе добиете подтврдна електронска пошта со податоци за плаќање за резервација. Резервацијата се потврдува со плаќање на најмалку 1 ден од вашиот аранжман.
    3. Плаќањето за престој во кампот, доколку не е претходно направено, се врши во целосен износ при самото пријавување за престој. Во кампот е можно да се плати во готово – исклучиво во денари, или со било која платежна картичка. Доколку плаќате со Динерс Клуб картичка, плаќањето може да се изврши на 12 еднакви рати без камата, а доколку плаќате со Американ Експрес картичкана, инфорирајте се во вашата банка за определниот поврат на пари кој ќе го добиете од банката за секое плаќање во кампот.
    4. Прием на гости се врши најрано од 13:00 часот, а одјавувањето е најдоцна до 10:00 часот. Доколку посетителот има потреба за подоцнежно одјавување (дополнителни 2-4 часа), треба претходно да ги извести рецепционерите и во зависност од исполнетоста на капацитетот истото може да биде бесплатно или за таа услуга да се плати одреден надоместок, не поголем од половина од цената за еднодневен престој.
    5. Секоја изнајмена опрема или предмети од кампот подлежат на депозит за обезбедување, кој се враќа при одјавување на посетителот. Како форма на депозит може да се користи кредитна картичка или готовина. Ако изнајмените опрема или предмети не се вратат или се оштетени, тогаш нивната вредност се наплаќа од посетителот пред неговото заминување. Доколку посетителот замине без да ги намири сите обврски, истите ќе бидат подмирени од оставениот депозит или кредитна картичка.
    6. Сите патеки во кампот мора да бидат слободни и проодни. Строго е забрането движење на возила во кампот надвор од обележаните патеки за возила. Максималната дозволена брзина на возење во кампот е 5 km/h. Паркирањето на возилата е дозволено само на предвидениот простор за паркинг. Во исклучителни ситуации, доколку постои сериозна причина, може да се паркира надвор од обележаниот паркинг со претходно одобрување од рецепционерот во кампот. Секоја штета или сообраќајна несреќа во рамки на кампот се смета за одговорност на странката што ја предизвикала несреќата и ќе биде покрената правна постапка.
    7. Мотоциклите треба да се паркираат на соодветен начин во рамки на предвидениот паркинг простор, при што треба да се обезбеди нивната стабилност, односно да се избегне нивно паѓање и предизвикување евентуална штета на други возила во близина.
    8. Возилата кај кои има протекување на одредени течности (на пр. масло), ќе бидат отстранети од кампот.
    9. Празнењето на хемиските тоалети од камп-приколките е дозволено само на определено место за таа намена. Ве молиме, известете го рецепционерот кога имате потреба да ги испразните резервоарите од хемиските тоалети.
    10. Локацијата за сместување со шатор или приколка се определува при самото пријавување во кампот. Промената на локацијата е можна доколку постои слободен капацитет, но за тоа претходно е потребно да добиете одобрување од рецепционерот. Кампот го задржува правото да ја промени локацијата за сместување на посетителот, доколку е тоа неопходно.
    11. Палењето оган во кампот е строго забрането, освен на местата предвидени за тоа. Претходно треба да се најавите доколку сакате да користите огниште. Услугата не се наплаќа, меѓутоа доколку постои оправдана причина (силен ветер или било какво загрозување на безбедноста на другите кампери) рецепционерот има права да не ја дозволи таа услуга.
    12. Доколку сакате да направите скара, тоа може да го правите само на простор конкретно наменет за таа намена.
    13. Кампот располага со посебна целосно опремена кујна со заеднички фрижидери која е на располагање на гостите. Гостите се должни да ја одржуваат уредна и пред заминување од кампот да ги испразнат фрижидерите за да се обезбеди простор за останатите гости.
    14. Децата под 14 години може да ги користат различните услуги во кампот со надзор на нивните родители. Децата може да возат велосипеди и тротинети во рамки на кампот, при што целосната одговорност за нивната безбедност е на нивните родители/старатели.
    15. Домашните миленици се добредојдени во кампот за што се наплаќа симболична сума. Гостите што престојуваат со свој шатор или камп-приколка имаат можност да го поведат со себе и своето милениче. Доколку престојувате во објект во сопственост на кампот треба претходно да најавите дека доаѓате со миленик, за кампот да ви обезбеди соодветно сместување. При самото пријавување за престој, сопственикот треба да приложи документ дека миленикот е здав и ги има соодветните здравствени прегледи и вакцини и дека не е опасен по другите гости и миленици во кампот. Сопственикот е должен миленкиот да го води на поводник за цело време, или да обезбеди соодветен кафез. Сопствениците на миленичиња треба да ги изнесуваат животните кога треба да ги извршуваат физиолошките потреби, без да ги вознемируваат другите посетители, на локација обележана за таа намена. Користењето на тоалетите и туш-кабините за домашни миленици е забрането.
    16. Време за одмор во кампот е од 14.00 до 16.00 часот, како и од 22.00 до 07.00 часот.
    17. Снабдувањето со електрична енергија е исклучиво за осветлување, радио, ТВ, полнење на преносни уреди и фрижидер. Воспоставената мрежа на електрична енергија низ кампот не е намеета за готвење и греење и може да резултира со прекин на снабдувањето со електрична енергија.
    18. Кампот е покриен со WI-FI сигнал. Податоци за бесплатен пристап на мрежата ќе добиете при пријавувањето во кампот. Бесплатниот пристап овозможува проверка на вашиот е-меил, примање/праќање текстуални пораки преку апликации и посета на веб-страници. Доколку имате потреба од интернет конекција која овозможува поголем трансфер на податоци (YouTube, Netflix и сл., праќање/примање на поголеми фајлови), обратете се до рецепционерот за да добиете лозинка за целосен широкопјасен интернет пристап, при што за таа услуга се плаќа дополнителен надомест.
    19. Кампот располага со систем за греење вода кој обезбредува 24 часа во денот топла вода наменета за гостите. Сепак ние се грижиме за животната средина и ве замолуваме водата, сите заедно да ја користиме совесно.
    20. Кампот располага со сопствена служба за одржување на хигиена, меѓутоа хигиената во голема мера зависи и од самите кампери. Ве молиме сите заедно да се грижиме за хигиената: отпадот да го одлагаме на посебно означени места и да се грижиме заедничките простории во кампот да ги оставаме чисти и во најдобар можен ред. На местото за одложување на отпад ќе најдете посебни канти за стакло, пластика и алуминиум. Останатиот отпад не се сортира.
    21. Не е дозволено миење на вашиот караван/приколка, шатор или автомобил во кампот. За тоа постои посебен простор и потребно е да се консултирате со рецепционерот.
    22. Кампот не е одговорен за евентуални штети и загуби предизвикани од кражба, природна непогода или виша сила.
    23. Влезот и престојот во кампот подразбира почитување на наведените правила.
    download PDF: 2021 Правилник за престој во Камп СКАУТ

    Ви благодариме што се грижите за нашиот камп и ја почитувајте приватноста и правата на сите наши гости 😊

    Ви посакуваме пријатен престој во Кампот Скаут во Струга

  1. Посебни правила, мерки и процедури за престој во Камп СКАУТ – Струга за време на пандемија од КОВИД19   
    1. Здравјето, безбедноста и заштитата на нашите гости и на персоналот на кампот е на прво место.
    2. Доколку чувствувате некој од симптомите на КОВИД19, пред доаѓање во кампот, ве молиме да не известите и заедно да се потрудиме да најдеме друг соодветен термин за вашиот одмор. Доколку тоа значи целосно откажување на одморот, претходно платената сума ќе ви биде целосно вратена.
    3. При пристигнување во кампот и за време на регистрација и прием ве молиме да се придржувате до препораките за заштита од КОВИД19, што покрај другите мерки предвидува и задолжително носење на заштитна маска.
    4. При прием на секој гостин во кампот, персоналот е должен да да му измери телесна температура, и рецепционерот го задржува правото да одбие прием на гостин и да постапи според работниот протокол за КОВИД19, доколку се посомнева во здравствената состојба на гостионот.
    5. За време на престојот во кампот, доколку почувствувате било каков симптом кој што може да укажува на потенцијална инфекција од КОВИД19, ве молиме да го известите персоналот на кампот, при што ќе превземат соодветни мерки во рамките на процедурите за заштита од КОВИД19.
    6. За време на престојот во кампот, во сите заеднички простории се обезбедени средства за дезинфекција и лична хигиена. Персоналот во кампот е обучен и целосно се придржува до протоколите за дезинфекција и одржување хигиена во сите заеднички простории и на целата опрема со која располага кампот.
    7. Сите простории за сместување: соби, куќички и шатори во сопственост на кампот задолжително се дезинфицираат и целосно се чистат пред секое доаѓање на гостите.
    8. Заради заштита на здравјето на гостите, при регистрирање на вашиот престој, на рецепција ќе добиете чист комплет на чаршафи кои самите сте должни да ги поставите во објектот во кој сте сместени. Исто така, при заминување, ве замолуваме чаршафите да ги извадите од креветите и да ги одложите на посебно место наменето и обележано за таа намена, од каде ќе ги превземат нашите вработени.
    9. Ве молиме да држите растојание од останатите гости во кампот и редовно да одржувате лична хигиена, за сите заедно да имаме мирен и непречен одмор.
    download pdf: 2021 КОВИД19 мерки за престој во Камп СКАУТ

    Ви благодариме што се грижите за здравјето на сите нас 😊

    Ви посакуваме пријатен престој во Кампот Скаут во Струга.

tell me more

Enter your details below and learn about all the adventures we have.



    Or call us for more info: