Camping SCOUT online payment

Safe and secure payment in cooperation with NLB bank, AD Skopje

Unforgetable experience Unforgetable experience Unforgetable experience

22-24 ЈУЛИ 2022 / Семеен пакет 2+2 / THE YAMAMORI SPIRIT – OUTDOOR XPERIENCE (Copy)

13500ден VAT included

Јамамори искуството представува семејна активност со програма изработена за деца од 4 год до 16 годиини и родител или старател. Главниот акцент на овие  викенд летни кампови е ставен на односот родител-дете, но и секој индивидуалец е повеќе од добродојден.

Настанот го организира Јамамори – центарот за ментална хигиена и изворни вештини

18 in stock

Info
SKU: 20-3-1-1 Category:

Description

ШТО Е …

Здраво Пријатели, продолжуваме со нашите летни активни викенд кампови унифицирани под името нa Yamamori Spirit – Outdoor Xperience.

Оваа година Програмата и целта на овие настани е “скроена” за да можете вие заедно со вашето дете да го зацврснете, осигурате, подобрите и остварите најдобриот однос помеѓу родител и дете. Но и за целото семејство.

Јамамори искуството представува семејна активност со програма изработена за деца од 4 до 16 години и родител или старател. Главниот акцент на овие  викенд летни кампови е ставен на односот родител-дете, но и секој индивидуалец е повеќе од добродојден.

Затоа, наместо да се мислите каде и како да го искористите вашето време квалитетно, забавно и патем да научите некои нови вештини и искуства, ве покануваме да се пријавите на нашата нова авантура. Да запловиме заедно во “брановите” кои изобилуваат со акцентираните содржини за личен раст и развој, комуникација, еко свесност, изворни јапонски борбени вештини и уметност.

КОЈ …
Ние сме тим кој ги споивме мудроста, вештинатa, уметноста и филозофијата на бушидо како начин за справување со многу емоции и психологијата како наука која детално го проучува психосоцијалниот развој како кај децата така и кај родителите.

Настаните ги спроведуваат Др. Ана Чучкова – психолог/психотерапевт и Иванчо Горјанин – психолог и учител при Јамамори – центарот за ментална хигиена и изворни вештини.

Овој настан претставува уникатно доживување каде што покрај акцентот на самиот активен тренинг ги зајакнува комуникативните, социјалните и семејни вредности. Замислен и остварен преку меѓусебно дружење, исполнето со разновидни содржини, во контролирана и безбедна средина под ѕвездите на струшкото крајбрежје.

КАДЕ…
Камп Скаут – Струга

 

ШТО Е ВКЛУЧЕНО…

Ноќевање во четворокреветна соба, (собите во камп Скаут користат заеднички тоалети и тушеви)

3 оброци и 2 ужини на ден

забава

логорски оган

целосно исполнето време со Јамамори активности

 

You may also like…

tell me more

Enter your details below and learn about all the adventures we have.



    Or call us for more info: