Description
Пакет Родител + дете
ШТО Е …
Здраво Пријатели, продолжуваме со нашите летни активни викенд кампови унифицирани под името нa Yamamori Spirit – Outdoor Xperience.
Оваа година Програмата и целта на овие настани е “скроена” за да можете вие заедно со вашето дете да го зацврснете, осигурате, подобрите и остварите најдобриот однос помеѓу родител и дете. Но и за целото семејство.
Јамамори искуството представува семејна активност со програма изработена за деца од 4 до 16 години и родител или старател. Главниот акцент на овие викенд летни кампови е ставен на односот родител-дете, но и секој индивидуалец е повеќе од добродојден.
Затоа, наместо да се мислите каде и како да го искористите вашето време квалитетно, забавно и патем да научите некои нови вештини и искуства, ве покануваме да се пријавите на нашата нова авантура. Да запловиме заедно во “брановите” кои изобилуваат со акцентираните содржини за личен раст и развој, комуникација, еко свесност, изворни јапонски борбени вештини и уметност.
КОЈ …
Ние сме тим кој ги споивме мудроста, вештинатa, уметноста и филозофијата на бушидо како начин за справување со многу емоции и психологијата како наука која детално го проучува психосоцијалниот развој како кај децата така и кај родителите.
Настаните ги спроведуваат Др. Ана Чучкова – психолог/психотерапевт и Иванчо Горјанин – психолог и учител при Јамамори – центарот за ментална хигиена и изворни вештини.
Овој настан претставува уникатно доживување каде што покрај акцентот на самиот активен тренинг ги зајакнува комуникативните, социјалните и семејни вредности. Замислен и остварен преку меѓусебно дружење, исполнето со разновидни содржини, во контролирана и безбедна средина под ѕвездите на струшкото крајбрежје.
КАДЕ…
Камп Скаут – Струга
ШТО Е ВКЛУЧЕНО…
Ноќевање во двокреветна соба (собите во камп скаут користат заеднички тоалети и тушеви)
3 оброци и 2 ужини на ден
забава
логорски оган
целосно исполнето време со Јамамори активности