излези во природа Кампувајте на брегот на Охридското Езеро природно и културно наследство на УНЕСКО започни нова авантура Go camping on Lake Ohrid UNESCO natural and cultural heritage site

Добредојдовте на системот за резервации на Камп СКАУТ Струга

Внесете ги датумите на вашиот одмор

Резервирајте според видот на сместување

Насоки  – како да резервирате преку нашиот систем

Чекор 1: Внесете ги датумите на доаѓање и заминување во полињата Check inn и Check out, и внесете број на гости за кои е потребен посебен кревет

Чекор 2: Изберете го видот на сместување од листата на резултати за избраните датуми и притиснете BOOK

Чекор3: Изберете кои дополнителни услуги сакате да ги користите (доколку имате код за попуст внесете го во празното место)

Чекор 4: Пополнете го формуларот со Вашите податоци

Чекор 5: Прочитајте ги и прифатете ги условите за кампување во Камп СКАУТ во Струга

Чекор 6: Кликнете на копчето Book now, со што ја поднесувате резервацијата

Чекор 7: Проверете ја вачата електронска пошта, на која ќе добиете информации за статусот на вашата резервација и насоки за плаќање. (Доколку во наредните неколку минути не добиете е-пошта, проверете ги вашите спам папки)

Почитувани гости,

Нашиот камп располага со четири различни видови на соби:

  • Двокреветни соби (брачен кревет или два споени кревети)
  • Двокреветни соби со 2 единечни кревети
  • Трикреветни соби (еден двоен кревет и еден единечен)
  • Четирикреветни соби (еден двоен кревет и два кревети на спрат)

При изборот на соба имајте предвид дека само во собите бр. 1, 2 и 9 може да престојувате со вашиот домашен миленик. Собите немаат сопствен тоалет и кујна. Тоалетите се заеднички и се наоѓаат во истиот објект и се наменети за користење само за гости кои се сместени во собите (за камперите кои не се сместени во соби има посебни санитарни чворови).

  • Тоалетите и тушевите се целосно опремени со средства за хигиена и со постојана топла вода.
  • Во кампот има персонал кој е на располагање 24 часа во денот, вклучувајќи тука, ноќен чувар или дежурен рецепционер во периодот помеѓу 22.00 и 7.00 часот.
  • Целиот камп е затворен со ограда од сите стани со два влезови/излези – од страна на езерото (пешачки влез) и од страна на патот (влез за автомобили)
  • Кампот располага со систем за изнајмување велосипеди и многу други активности со кои може да си го исполните вашиот одмор.
  • Кампот се наоѓа на самиот брег на езерото а на само неколку минути пеш може да стигнете до маркет, до градскиот пазар или до центарот на градот.
  • Во целиот камп е дозволено присуство на домашни миленици доколку сопствениците се придржуваат до условите и правилата на кампот.

Пред да извршите резервација, ве молиме внимателно да ги прочитате нашите правила и процедури за престој, кои се наоѓаат на дното на оваа страна.  

Нашиот систем за резервации преку нашата веб страна ја прикажува реалната состојба на резервации и слободни места и податоците се обновуваат во моментот на секоја направена резервација. Доколку сте заинтересирани за конкретен период или вид на сместување кој не е слободен во моментот кога правите резервација, ве молиме испратете ни порака со ваши податоци преку формуларот за контакт, за да може да ве  додадеме на листата на чекање и да ве информираме доколку има промени.



Calendar is loading...
- Available
 
- Booked
 
- Pending
 
- Partially booked

 Паркинг за автомобил Паркинг за комбе Паркинг за моторцикл Домашен миленик












 

 

Почитувани гости,

Нашиот камп располага со два видови на дрвени куќички:

  • куќички со дупли кревет или два споени кевети
  • куќички со два единечни раздвоени кревети

При изборот на куќичка имајте предвид дека само во куќичките бр. 5 и 6 може да престојувате со вашиот домашен миленик. Куќичките се со површина од 7,5м2 и се соодветни само за двајца посетители. Во куќичките има електрична енергија и осветлување и сопствен дел под куќичката наместен со маса и клупи. Куќичките не раполагаат со сопствени тоалети и кујна.

  • Тоалетите и кујните се заеднички и наменети за сите кампери.
  • Тоалетите и тушевите се целосно опремени со средства за хигиена и со постојана топла вода.
  • Во кампот има персонал кој е на располагање 24 часа во денот, вклучувајќи тука, ноќен чувар или дежурен рецепционер во периодот помеѓу 22.00 и 7.00 часот.
  • Целиот камп е затворен со ограда од сите стани со два влезови/излези – од страна на езерото (пешачки влез) и од страна на патот (влез за автомобили)
  • Кампот располага со систем за изнајмување велосипеди и многу други активности со кои може да си го исполните вашиот одмор.
  • Кампот се наоѓа на самиот брег на езерото а на само неколку минути пеш може да стигнете до маркет, до градскиот пазар или до центарот на градот.
  • Во целиот камп е дозволено присуство на домашни миленици доколку сопствениците се придржуваат до условите и правилата на кампот.

Пред да извршите резервација, ве молиме внимателно да ги прочитате нашите правила и процедури за престој, кои се наоѓаат на дното на оваа страна.  

Нашиот систем за резервации преку нашата веб страна ја прикажува реалната состојба на резервации и слободни места и податоците се обновуваат во моментот на секоја направена резервација. Доколку сте заинтересирани за конкретен период или вид на сместување кој не е слободен во моментот кога правите резервација, ве молиме испратете ни порака со ваши податоци преку формуларот за контакт, за да може да ве  додадеме на листата на чекање и да ве информираме доколку има промени.



Calendar is loading...
- Available
 
- Booked
 
- Pending
 
- Partially booked

 Паркинг за автомобил Паркинг за комбе Паркинг за моторцикл Домашен миленик










 

Почитувани гости,

Нашиот камп располага со неколку различни видови шаториод брендот McKinley модели: Family20.6, Alpha4, Ventura, Vega 40SW.  Сите наши шатори се опремени со душек за спиење, перници и чаршафи за совршено чувство на кампување и удобност. Исто така постои можност за да си донесете сопствена постелнина, подметачи или вреќи за спиење.

Генерално шаторите кои ги поседуваме се поделени на две групи:

  • мали шатори – наменети за најмногу 3 лица, и најчесто шаторот е сочинет од една просторија за спиење.
  • големи шатори – наменети за 4 и повеќе лица, и најчесто шаторот е сочинет од две одделни простории за спиење и една заедничка просторија.

Сите наши шатори се поставени под длабока сенка за да имате пријатно и релаксирано кампување.

  • Во кампот има персонал кој е на располагање 24 часа во денот, вклучувајќи тука, ноќен чувар или дежурен рецепционер во периодот помеѓу 22.00 и 7.00 часот.
  • Целиот камп е затворен со ограда од сите стани со два влезови/излези – од страна на езерото (пешачки влез) и од страна на патот (влез за автомобили)
  • Кампот располага со систем за изнајмување велосипеди и многу други активности со кои може да си го исполните вашиот одмор.
  • Кампот се наоѓа на самиот брег на езерото а на само неколку минути пеш може да стигнете до маркет, до градскиот пазар или до центарот на градот.
  • Во целиот камп е дозволено присуство на домашни миленици доколку сопствениците се придржуваат до условите и правилата на кампот.
  • Тоалетите и кујните се заеднички и наменети за сите кампери.
  • Тоалетите и тушевите се целосно опремени со средства за хигиена и со постојана топла вода.

Пред да извршите резервација, ве молиме внимателно да ги прочитате нашите правила и процедури за престој, кои се наоѓаат на дното на оваа страна.  

Нашиот систем за резервации преку нашата веб страна ја прикажува реалната состојба на резервации и слободни места и податоците се обновуваат во моментот на секоја направена резервација. Доколку сте заинтересирани за конкретен период или вид на сместување кој не е слободен во моментот кога правите резервација, ве молиме испратете ни порака со ваши податоци преку формуларот за контакт, за да може да ве  додадеме на листата на чекање и да ве информираме доколку има промени.



Calendar is loading...
- Available
 
- Booked
 
- Pending
 
- Partially booked

 Car Parking Van Parking Motorcycle Parking Electricity Connection Pet












 

Почитувани гости,

Во овој дел може да ја проверите достапноста на слобони места за кампување во сопствена камп приколка или возило за кампување. Имајте предвид дека кампот не располага со сопствени камп приколки или возила за кампување, меѓутоа поседува идеални услови за паркирање на вашето возило или камп приколка.

Пред да направите резервација сакаме да ви дадеме неколку информации за нашиот камп кои би биле корисни за сопствениците на Камп приколки или возила за кампување:

  • Кампот располага со 14 места наменети за поставување возило за кампување. Секое место е посебно опремено со приклучок за електрична енергија.
  • Може да одберете дали вашето возило за кампување да биде паркирано на трева или на песочна подлога.
  • Кампот располага со посебен простор за празнење хемиски тоалети и дополнување на резервоарите за вода.
  • Правилата за пријавување и одјавување од кампот се пофлексибилни доколку кампувате со сопствена опрема. За било какви барања слободно обратете се до персоналот на кампот
  • Тоалетите и кујните се заеднички и наменети за сите кампери
  • Тоалетите и тушевите се целосно опремени со средства за хигиена и со постојана топла вода
  • Во кампот има персонал кој е на располагање 24 часа во денот, вклучувајќи тука, ноќен чувар или дежурен рецепционер во периодот помеѓу 22.00 и 7.00 часот
  • Целиот камп е затворен со ограда од сите стани со два влезови/излези – од страна на езерото (пешачки влез) и од страна на патот (влез за автомобили)
  • Кампот располага со систем за изнајмување велосипеди и многу други активности со кои може да си го исполните вашиот одмор.
  • Кампот се наоѓа на самиот брег на езерото а на само неколку минути пеш може да стигнете до маркет, до градскиот пазар или до центарот на градот.
  • Во целиот камп е дозволено присуство на домашни миленици доколку сопствениците се придржуваат до условите и правилата на кампот.

Пред да извршите резервација, ве молиме внимателно да ги прочитате нашите правила и процедури за престој, кои се наоѓаат на дното на оваа страна.  

Нашиот систем за резервации преку нашата веб страна ја прикажува реалната состојба на резервации и слободни места и податоците се обновуваат во моментот на секоја направена резервација. Доколку сте заинтересирани за конкретен период или вид на сместување кој не е слободен во моментот кога правите резервација, ве молиме испратете ни порака со ваши податоци преку формуларот за контакт, за да може да ве  додадеме на листата на чекање и да ве информираме доколку има промени.



Calendar is loading...
- Available
 
- Booked
 
- Pending
 
- Partially booked

 Паркинг за автомобил Паркинг за комбе Паркинг за моторцикл Приклучок на електрична енергија Домашен миленик












 

Почитувани гости,

Пред да направите резервација, би сакале да ве информираме за условите во кампот доколку сакате да кампувате со сопствена опрема:

  • Кампот располага со 50 места наменети за поставување на сопствен шатор и камперска опрема. во близина на секоја локација се поставени приклучоци за електрична енергија и користењето е бесплатно доколку се користат само за поленње мобилни теелефони или компјутери. Доколку пак сакате да користите електрична енергија за други потреби, приклучокот дополнително се наплаќа. Ве молиме внимателно прочитајте ги правилата за престој и политиките на кампот.
  • Доколку системот за букирање не ви овозможува да направите резервација, може да се обратите преку контакт формуларот. Доколку се работи за мал сопствен шатор секогаш е возможно рецепционерот да ви најде дополнително место.
  • Правилата за пријавување и одјавување од кампот се пофлексибилни доколку кампувате со сопствена опрема. За било какви барања слободно обратете се до персоналот на кампот.
  • Тоалетите и кујните се заеднички и наменети за сите кампери.
  • Тоалетите и тушевите се целосно опремени со средства за хигиена и со постојана топла вода.
  • Во кампот има персонал кој е на располагање 24 часа во денот, вклучувајќи тука, ноќен чувар или дежурен рецепционер во периодот помеѓу 22.00 и 7.00 часот.
  • Целиот камп е затворен со ограда од сите стани со два влезови/излези – од страна на езерото (пешачки влез) и од страна на патот (влез за автомобили)
  • Кампот располага со систем за изнајмување велосипеди и многу други активности со кои може да си го исполните вашиот одмор.
  • Кампот се наоѓа на самиот брег на езерото а на само неколку минути пеш може да стигнете до маркет, до градскиот пазар или до центарот на градот.
  • Во целиот камп е дозволено присуство на домашни миленици доколку сопствениците се придржуваат до условите и правилата на кампот.

Пред да извршите резервација, ве молиме внимателно да ги прочитате нашите правила и процедури за престој, кои се наоѓаат на дното на оваа страна.  

Нашиот систем за резервации преку нашата веб страна ја прикажува реалната состојба на резервации и слободни места и податоците се обновуваат во моментот на секоја направена резервација. Доколку сте заинтересирани за конкретен период или вид на сместување кој не е слободен во моментот кога правите резервација, ве молиме испратете ни порака со ваши податоци преку формуларот за контакт, за да може да ве  додадеме на листата на чекање и да ве информираме доколку има промени.



Calendar is loading...
- Available
 
- Booked
 
- Pending
 
- Partially booked


 Паркинг за автомобил Паркинг за комбе Паркинг за моторцикл Приклучок на елктрична енергија Домашен миленик










 

Основни правила и политики за престој

Основни Правила за престој во Камп СКАУТ – Струга

  1. Во периодот од мај до септември, рецепцијата е отворена секој ден од 08:00 до 22:00 часот, и влез на возила во кампот е дозволен само во тој период. Во периодот од 22:00 до 8:00 часот во кампот е присутен ноќен чувар кој се грижи за безбедноста на гостите. Дополнително, кампот има склучен договор со агенција за обезбедување која дополнително го гарантира мирот на гостите.
  2. Резервација во кампот се прави преку електронска пошта на hi@camp.mk, со испраќање на точни податоци за видот на сместување и должината на престојот, за што ќе добиете подтврдна електронска пошта со податоци за плаќање за резервација. Резервацијата се потврдува со плаќање на најмалку 1 ден од вашиот аранжман.
  3. Плаќањето за престој во кампот, доколку не е претходно направено, се врши во целосен износ при самото пријавување за престој. Во кампот е можно да се плати во готово – исклучиво во денари, или со било која платежна картичка. Доколку плаќате со Динерс Клуб картичка, плаќањето може да се изврши на 12 еднакви рати без камата, а доколку плаќате со Американ Експрес картичкана, инфорирајте се во вашата банка за определниот поврат на пари кој ќе го добиете од банката за секое плаќање во кампот.
  4. Прием на гости се врши најрано од 13:00 часот, а одјавувањето е најдоцна до 10:00 часот. Доколку посетителот има потреба за подоцнежно одјавување (дополнителни 2-4 часа), треба претходно да ги извести рецепционерите и во зависност од исполнетоста на капацитетот истото може да биде бесплатно или за таа услуга да се плати одреден надоместок, не поголем од половина од цената за еднодневен престој.
  5. Секоја изнајмена опрема или предмети од кампот подлежат на депозит за обезбедување, кој се враќа при одјавување на посетителот. Како форма на депозит може да се користи кредитна картичка или готовина. Ако изнајмените опрема или предмети не се вратат или се оштетени, тогаш нивната вредност се наплаќа од посетителот пред неговото заминување. Доколку посетителот замине без да ги намири сите обврски, истите ќе бидат подмирени од оставениот депозит или кредитна картичка.
  6. Сите патеки во кампот мора да бидат слободни и проодни. Строго е забрането движење на возила во кампот надвор од обележаните патеки за возила. Максималната дозволена брзина на возење во кампот е 5 km/h. Паркирањето на возилата е дозволено само на предвидениот простор за паркинг. Во исклучителни ситуации, доколку постои сериозна причина, може да се паркира надвор од обележаниот паркинг со претходно одобрување од рецепционерот во кампот. Секоја штета или сообраќајна несреќа во рамки на кампот се смета за одговорност на странката што ја предизвикала несреќата и ќе биде покрената правна постапка.
  7. Мотоциклите треба да се паркираат на соодветен начин во рамки на предвидениот паркинг простор, при што треба да се обезбеди нивната стабилност, односно да се избегне нивно паѓање и предизвикување евентуална штета на други возила во близина.
  8. Возилата кај кои има протекување на одредени течности (на пр. масло), ќе бидат отстранети од кампот.
  9. Празнењето на хемиските тоалети од камп-приколките е дозволено само на определено место за таа намена. Ве молиме, известете го рецепционерот кога имате потреба да ги испразните резервоарите од хемиските тоалети.
  10. Локацијата за сместување со шатор или приколка се определува при самото пријавување во кампот. Промената на локацијата е можна доколку постои слободен капацитет, но за тоа претходно е потребно да добиете одобрување од рецепционерот. Кампот го задржува правото да ја промени локацијата за сместување на посетителот, доколку е тоа неопходно.
  11. Палењето оган во кампот е строго забрането, освен на местата предвидени за тоа. Претходно треба да се најавите доколку сакате да користите огниште. Услугата не се наплаќа, меѓутоа доколку постои оправдана причина (силен ветер или било какво загрозување на безбедноста на другите кампери) рецепционерот има права да не ја дозволи таа услуга.
  12. Доколку сакате да направите скара, тоа може да го правите само на простор конкретно наменет за таа намена.
  13. Кампот располага со посебна целосно опремена кујна со заеднички фрижидери која е на располагање на гостите. Гостите се должни да ја одржуваат уредна и пред заминување од кампот да ги испразнат фрижидерите за да се обезбеди простор за останатите гости.
  14. Децата под 14 години може да ги користат различните услуги во кампот со надзор на нивните родители. Децата може да возат велосипеди и тротинети во рамки на кампот, при што целосната одговорност за нивната безбедност е на нивните родители/старатели.
  15. Домашните миленици се добредојдени во кампот за што се наплаќа симболична сума. Гостите што престојуваат со свој шатор или камп-приколка имаат можност да го поведат со себе и своето милениче. Доколку престојувате во објект во сопственост на кампот треба претходно да најавите дека доаѓате со миленик, за кампот да ви обезбеди соодветно сместување. При самото пријавување за престој, сопственикот треба да приложи документ дека миленикот е здав и ги има соодветните здравствени прегледи и вакцини и дека не е опасен по другите гости и миленици во кампот. Сопственикот е должен миленкиот да го води на поводник за цело време, или да обезбеди соодветен кафез. Сопствениците на миленичиња треба да ги изнесуваат животните кога треба да ги извршуваат физиолошките потреби, без да ги вознемируваат другите посетители, на локација обележана за таа намена. Користењето на тоалетите и туш-кабините за домашни миленици е забрането.
  16. Време за одмор во кампот е од 14.00 до 16.00 часот, како и од 22.00 до 07.00 часот.
  17. Снабдувањето со електрична енергија е исклучиво за осветлување, радио, ТВ, полнење на преносни уреди и фрижидер. Воспоставената мрежа на електрична енергија низ кампот не е намеета за готвење и греење и може да резултира со прекин на снабдувањето со електрична енергија.
  18. Кампот е покриен со WI-FI сигнал. Податоци за бесплатен пристап на мрежата ќе добиете при пријавувањето во кампот. Бесплатниот пристап овозможува проверка на вашиот е-меил, примање/праќање текстуални пораки преку апликации и посета на веб-страници. Доколку имате потреба од интернет конекција која овозможува поголем трансфер на податоци (YouTube, Netflix и сл., праќање/примање на поголеми фајлови), обратете се до рецепционерот за да добиете лозинка за целосен широкопјасен интернет пристап, при што за таа услуга се плаќа дополнителен надомест.
  19. Кампот располага со систем за греење вода кој обезбредува 24 часа во денот топла вода наменета за гостите. Сепак ние се грижиме за животната средина и ве замолуваме водата, сите заедно да ја користиме совесно.
  20. Кампот располага со сопствена служба за одржување на хигиена, меѓутоа хигиената во голема мера зависи и од самите кампери. Ве молиме сите заедно да се грижиме за хигиената: отпадот да го одлагаме на посебно означени места и да се грижиме заедничките простории во кампот да ги оставаме чисти и во најдобар можен ред. На местото за одложување на отпад ќе најдете посебни канти за стакло, пластика и алуминиум. Останатиот отпад не се сортира.
  21. Не е дозволено миење на вашиот караван/приколка, шатор или автомобил во кампот. За тоа постои посебен простор и потребно е да се консултирате со рецепционерот.
  22. Кампот не е одговорен за евентуални штети и загуби предизвикани од кражба, природна непогода или виша сила.
  23. Влезот и престојот во кампот подразбира почитување на наведените правила.
download PDF: 2021 Правилник за престој во Камп СКАУТ

Ви благодариме што се грижите за нашиот камп и ја почитувајте приватноста и правата на сите наши гости 😊

Ви посакуваме пријатен престој во Кампот Скаут во Струга

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА КАМП СКАУТ ВО СТРУГА

Преземи .пдф документ

Ние го цениме вашиот интерес за кампување и користење на услугите кои ги нуди Камп СКАУТ во Струга. Заштитата на приватноста е многу важна за нас и ние сме посветени на заштита и почитување на вашата приватност. Оваа политика за приватност утврдува информации за тоа како чуваме, обработуваме, пренесуваме и користиме податоци што ве идентификуваат или ве прават препознатлив како физичко лице (во натамошниот текст „лични податоци“).

 

Имајте предвид дека оваа политика за приватност важи за обработка на податоците собрани во процесот на регистрација, резервација, плаќање и престој во Камп СКАУТ во Струга. Секое дополнително собирање податоци што се одвива на веб-страници што сте ги посетиле пред или за време на регистрацијата, подлежат на политиките за приватност на соодветните домаќини на веб-страниците.

 

Со спроведување на Процесот на регистрација, резервација, плаќање и престој на контролорот на податоци идентификуван подолу ќе му се овозможите пристап до вашите лични податоци. Оваа политика на приватност се однесува само на обработката на вашите лични податоци по одобрениот пристап од ваша страна.

 

Кој е контролор на податоци на вашите лични податоци?

С2020 ДООЕЛ Скопје (Подружница Камп СКАУТ во Струга) е контролор на податоци и е одговорен за контрола на обработката на личните податоци што ги доставувате.

Регистрацијата, резервација и плаќање за кампување во Камп СКАУТ во Струга е обезбедена преку веб старана www.camp.mk преку систем за плаќање обезбеден од НЛБ Банка АД Скопје, или директно во кампот.

 

Кои лични податоци ги собираме?

Системот за регистрација, резервација и плаќање ни овозможува пристап до личните податоци што ги пополнувате со регистрацијата. Личните податоци вклучуваат:

Име, адреса на е-пошта, телефонски број, адреса, борј на кредитна картичка и други информации што ги давате за време на регистрацијата.

 

Во регистрацијата за престој во кампот, може да додадеме и други информации, како што се податоци од Вашите документи за лична идентификација.

 

Зошто и врз основа на која правна основа ги собираме и користиме вашите лични податоци?

Вообичаено ги користиме вашите лични податоци за следниве цели и врз основа на следниве правни основи:

Вашите лични податоци ги користиме со цел да ги извршуваме нашите договорни услуги или за подготовка на склучување договор со вас, или за овозможување на користење на услугите кои ги нудиме. Информациите што ги користиме вклучуваат: информации кои се потребни да ве контактираме или на друг начин да комуницираме со вас, на пример, за да ви испратиме административни информации, информации за регистрацијата, информации за услугите кои сте ги побарале од нас, како и информации со кои би можеле да одговориме на вашите коментари и прашања и да обезбедиме квалитетна услуга за нашите клиенти.

Вашите лични податоци ги користиме само доколку се оправдани од нашите легитимни интереси. Употребата на вашите лични податоци може да биде неопходна и за нашите сопствени деловни интереси. На пример, може да користиме некои ваши лични податоци за да го оцениме квалитетот на нашите услуги, да ги разбереме вашите потреби и преференции за да ги прилагодиме нашите услуги кон вашите потреби и да го подобриме вашето индивидуално искуство. Доколку е потребно, исто така може да ги користиме вашите лични податоци во наша корист против потенцијални правни спорови и правни побарувања во иднина.

 

Вашите лични податоци ги користиме исклучиво откако ќе добиеме ваша согласност.

Во некои случаи, може да побараме да ни дадете посебна согласност за користење на вашите лични податоци. Вие можете слободно да не ја дадете вашата согласност и одбивањето нема да има никакви негативни последици за вас. Слободно можете да ја повлечете вашата согласност во кое било време, со ефект во иднина. Ако ни одобривте согласност за користење на вашите лични податоци, ние ќе ги користиме само за целите наведени во овој правилник.

Ова исто така ги вклучува и нашите маркетинг кампањи. Ако се најавите на билтен за е-пошта на нашата веб страна или директно во кампот, или кога ни давате ваша адреса за е-пошта, ни дозволувате да ја користиме оваа е-адреса, и соодветниот контролор на податоци ќе ги користи вашите лични податоци во активности поврзани со маркетинг кампањи преку електронска пошта. Може да се откажете од примање е-пошта во секое време со користење на врската содржана во секоја е-пошта што ја испраќаме. Можете исто така да контактирате со контролорот на податоци преку е-пошта или пошта на адресите дадени во оваа политика за приватност за да побарате да бидете отстранети од списокот со е-пошта.

 

Вашите лични податоци ги користиме за да ги почитуваме законските обврски.

Ние сме должни да задржуваме одредени податоци заради законски барања, на пример, даночни или трговски закони или пак од надлежните органи може да се бара да обезбедиме лични податоци на барање.

 

Вашите лични податоци ќе ги користиме само за целите за кои ги собираме. Нема да ги користиме вашите лични податоци за други цели. Нема да ги користиме вашите лични податоци за автоматско индивидуално донесување одлуки.

 

Со кого ги споделуваме вашите лични податоци?

Како што се бара, во согласност со начинот на користење, ние ќе ги споделиме вашите лични податоци со следниве трети лица:

  • Даватели на услуги и советници: Надворешни добавувачи на услуги и други даватели на услуги кои вршат услуги за нас, што може да вклучува услуги за маркетинг кампања, обезбедување услуги за пошта или е-пошта, даночни и сметководствени услуги, активности поврзани со дополнителните услуги кои ги нудиме – поврзани со учество на одредени настани, тајминг, снимање, фотографирање, спречување измама или обезбедување аналитички услуги. Каде што е применливо, ваквите даватели на услуги преку соодветни договори за обработка на податоци ќе бидат обврзани да ги обработуваат податоците само во наше име и според наши упатства.
  • Фотографи на активности. Ако учествувате на нашиот настан и ако ни дадете согласност за тоа, ние ќе му ги откриеме вашите податоци: име, адреса на е-пошта и телефонски број на фотографот на настанот, кој може да ве контактира со фотографии од настанот што присуствувал.
  • Спроведување на законот, регулаторите и другите страни од правни причини: Трети лица како што налага законот или поканата или ако разумно веруваме дека таквото дејствие е потребно за (а) да се усогласат со законот и разумните барања на органите за спроведување на законот; (б) да ги спроведуваме нашите правни побарувања или да ја заштитуваме безбедноста или интегритетот на нашиот камп; и / или (в) да ги остваруваат или штитат правата, имотот или личната безбедност на Контролорот на податоци, нашите гости, посетители или други.

 

 

Колку долго ги чуваме вашите податоци?

Личните податоци ќе ги чуваме онолку колку што е потребно за да ги исполниме целите за кои ги собираме податоците, во согласност со нашите законски обврски и легитимните деловни интереси. После тоа, или на крајот од законското време на задржување, личните информации ќе бидат избришани. На пример, националните комерцијални или финансиски регулативи може да бараат да се задржат одредени информации до 10 години.

 

Како ги штитиме вашите информации?

Ние спроведуваме различни безбедносни мерки за одржување на безбедноста на вашите лични податоци. Во случај било каква информација под наша контрола да биде загрозена како резултат на нарушување на безбедноста, ние ќе преземеме разумни чекори за да ја испитаме ситуацијата и, каде што е соодветно, да ги известиме оние лица чии лични податоци може да бидат компромитирани и да преземеме други чекори, во во согласност со сите применливи закони и регулативи.

Ако сакате да добиете дополнителни информации за заштитните мерки што ги користиме, контактирајте не користејќи ги деталите утврдени на крајот од оваа Политика за приватност. Ние ќе преземеме разумни чекори за да осигуриме дека вашите лични податоци се третираат безбедно и во согласност со важечкиот закон и оваа Политика за приватност.

 

Какви права и каков избори може да направите?

Сакаме да ги разберете вашите права и избори во врска со тоа како можеме да ги користиме вашите лични податоци. Во зависност од тоа како ги користите вашите податоци, овие права и избори може да го вклучуваат следново:

  • Право на пристап. Право да добиете пристап до вашите лични податоци.
  • Право на исправување. Право да добиете исправка на вашите лични податоци без непотребно одложување, доколку тие лични податоци се неточни или нецелосни.
  • Право на бришење. Право да добиете бришење на вашите лични податоци без непотребно одложување во одредени околности, како на пример кога личните податоци повеќе не се потребни во однос на целите за кои се собрани или обработени.
  • Право на ограничување. Право на органичување на обработката на податоците преземени од наша страна за вашите лични податоци во одредени околности, како на пр., Кога точноста на личните податоци ја оспорувате вие, за одреден временски период што ни овозможува да ја потврдиме точноста на тие лични податоци.
  • Право на преносливост. Правото на преносливост ви овозможува лесно преместување, копирање или пренесување лични податоци од една во друга организација.
  • Право на Приговор. Имате право да се спротивставувате на какво било процесирање засновано врз наши легитимни интереси каде што има основи што се однесуваат на вашата посебна состојба. Може да се откажете од било какви маркетинг активности од каква било причина.

 

Доколку сакате да остварите некое од овие права, контактирајте не користејќи ги деталите за контакт подолу.

За е-пошта за маркетинг, ја даваме следната лесно употреблива опција: Ако повеќе не сакате да добивате е-пошта за маркетинг од нас, можете да изберете да се одјавите во секое време користејќи ја врската дадена во секоја испратена е-пошта.

Покрај претходните наведени права, имате право да поднесете жалба до надлежен локален орган за заштита на податоците.

 

Како да контактирате со нас?

Ако имате какви било прашања или загриженост во врска со нашата Политика за приватност или ако сакате да ги остварите вашите права, испратете е-пошта до: hi@camp.mk

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

Преземи .пдф документ

С2020 дооел Скопје – подружница Камп Скаут Струга ги превзема сите потребни мерки за заштита на доверливите податоци со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. С2020 дооел Скопје – подружница Камп Скаут Струга за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до какви било информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб-страницата на процесинг центарот на НЛБ Банка АД Скопје, кој ги процесира трансакциите за плаќање преку интернет.

Правила за пренамена и поврат на средства

Преземи .пдф документ

Внимателно прочитајте ја нашата политика за пренамена и поврат на средства.

ПРЕНАМЕНА НА СРЕДСТВАТА – ПРАВИЛА И ПРОПИСИ

  • Пренамената на веќе уплатени средства на Камп Скаут Струга е дозволена за било која услуга која ја нуди кампот доколку има слободни места за бараниот период.
  • Надоместок за пренамена на средствата не се наплаќа.
  • Услугата за кој ги пренаменувате средствата мора да биде во истата календарска година како веќе платената услуга.
  • Дозволена е пренамена на средства на друго лице, исклучиво со поднесување писмено известување преку електронска пошта од адресата од која е направена првичната резервација.
  • Доколку пренамената е за услуга со пониска цена, разликата во цена ќе му биде вратена само доколку пренамената е извршена најкасно 5 дена пред почетокот на првично платената услуга.
  • Доколку пренамената е за услуга со повисока цена, од учесникот се бара да ја плати разликата во цена во целост моментот на пренамена на средствата.
  • Не е возможна пренамена на средствата за период или услуга која е распродадена.
  • Пренамена на средства може да се изврши најдоцна до 5 дена пред денот на услугата.

 

ПОВРАТ НА СРЕДСТВА – ПРАВИЛА И ПРОПИСИ

Доколку треба да се откажете од користење на услугите, потребно е да доставите барање за поврат на средства преку електронска пошта исклучиво од адресата од која е извршено плаќањето пред крајниот рок:

  • До 7 дена пред денот на започнување на услугата – целосен поврат на платениот износ
  • Од 2 до 6 дена пред денот на започнување на услугата – поврат на средствата во износ од 50% од платениот износ
  • 1 ден пред денот, и на денот на започнување на услугата – не е дозволен поврат на средствата

Средствата ќе бидат вратени на кредитната картичка сокоја е извршено плаќањето. Доколку кредитната картичка е истечена, враќањето на средствата може да се изврши директно на банкарска сметка на лицето кое е носител на уплатата.

Имајте предвид дека враќањето на средствата на кредитната картичка може да трае до 3-5 дена и до 1-2 недели за банкарски трансфер.

 

 

COVID-19 ПРАВИЛА И ПРОПИСИ

Камп СКАУТ Струга, внимателно ја следи состојбата со КОВИД-19 и национлните препораки за организирање на активности и кампирање. Во случај тековните промени на ограничувањата да влијаат на услугите за кои сте регистрирани, перосналот на кaмпот ќе контактирa со сите носители на резервација на услуги, испраќајќи е-пошта, со различни опции за уплатените средства за учество. Заради состојбата COVID-19 важат следниве правила и прописи:

  • Опција 1: Одложување на услугите за друг период во текот на истата калнедарска година
  • Опција 2: Одложување на услугите за друг период во наредната калнедарска година
  • Опција 3: Промена на вид на услуга доколку за тоа има услови
  • Опција 4: Целосен поврат на средства.

tell me more

Enter your details below and learn about all the adventures we have.



    Or call us for more info: