Image Alt

Hike & Sail

🔥HIKE&SAIL🔥 event 2022 - ВИКЕНД СО ADVENTUREMK

🔥HIKE&SAIL🔥 event 2022

10 | 11 | 12 јуни

SUMMER 2022 IS ON FIRE! Да, да, добро го читаш насловот. Со овој настан се надминавме сами себе! Остани тука и дознај сѐ што ти спремивме за овој УЛТРА ЗАБАВЕН продолжен викенд🔥

Датумот е 10, 11 и 12 јуни, а местото е КАМП СКАУТ во Струга.

ПЛОВЕЊЕ СО ЕДРИЛИЦИ ПО ОХРИДСКО ЕЗЕРО И ПЛАНИНАРСКА ТУРА НА ЈАБЛАНИЦА СО ПОСЕТА НА НАЈГОЛЕМОТО ПЛАНИНСКО ЕЗЕРО – ВЕВЧАНСКА ЛОКВА 🌊

Како и секогаш, ви доделуваме едно ноќевање гратис, кое досега успешно се покажа за загревање на атмосфера и меѓусебно запознавање со останатите учесници!🚀

ПЕТОК ве носиме на едрење по Охридско Езеро, максимално уживање, сончање и бањање во длабочините⛵

САБОТА имаме организиран превоз до село Горна Белица на 1450мнв, а од таму се упатуваме пешки, со ранците на грб, до Вевчанска Локва. Храбрите може да си земат купаќи и да се изладат во свежата вода на 2000мнв.

НЕДЕЛА е ден за одмор и слободни активности. Можете да седите во камп и да се опуштите или можеби да прошетате во околината на Радожда, Вевчани, Охрид итн.

Во пакетот се вклучени 2хПП (два полни пансиони)!

ЦЕНИ НА ПАКЕТИ:

-СОБА ЗА 4 ЛИЦА

1̶4̶ ̶4̶0̶0̶ 12.400ден (4 х 3100ден)

-ДРВЕНА КУЌИЧКА ЗА 2 ЛИЦА

7̶5̶0̶0̶ 6500ден (2 х 3250ден)

-ИЗНАЈМЕН ШАТОР (цена по лице)

3̶6̶5̶0̶ 3150ден

-СОПСТВЕН ШАТОР (цена по лице)

3̶4̶5̶0̶ 2950ден

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

– 2+1 ноќевања

– 2 полни пансиони (6 оброци)

– пловење со едрилица по Охридско Езеро

– организиран превоз до Горна Белица

– планинарска тура до Вевчанска Локва

– водичи, прва помош и придружно возило

– логорска вечер

– кино на отворено

 

Вкупниот број на пакети и бројот на промотивни пакети се ограничени!

Избери го посакуваниот пакет и регистрирај се!

ВЕ ЧЕКАМЕ НА АВАНТУРА

ADVENTUREMK x CAMPINGSCOUT

Местата се ограничени, да не речете дека не кажавме 🙂

Цените се искажани по учесник за целиот пакет, освен за сместување во соби каде цената е за четворица и куќички каде цената е за двајца. 

Your cart is currently empty.

Return to shop

Како да си резервирате место:

Одберете опција за сместување.

Пополенте ги вашите податоци.

Прочитајте ги и прифатете ги условите на кампот

Следете ги чекорите за наплата.

Во делот Additional Information – внесете доколку сте вегетаријанец, алергичен на нешто или било која информација која мислите дека ќе ни биде важна

Се гледаме во Камп Скаут во Струга 🙂

  1. Основни Правила за престој во Камп СКАУТ – Струга
    1. Во периодот од мај до септември, рецепцијата е отворена секој ден од 08:00 до 22:00 часот, и влез на возила во кампот е дозволен само во тој период. Во периодот од 22:00 до 8:00 часот во кампот е присутен ноќен чувар кој се грижи за безбедноста на гостите. Дополнително, кампот има склучен договор со агенција за обезбедување која дополнително го гарантира мирот на гостите.
    2. Резервација во кампот се прави преку електронска пошта на hi@camp.mk, со испраќање на точни податоци за видот на сместување и должината на престојот, за што ќе добиете подтврдна електронска пошта со податоци за плаќање за резервација. Резервацијата се потврдува со плаќање на најмалку 1 ден од вашиот аранжман.
    3. Плаќањето за престој во кампот, доколку не е претходно направено, се врши во целосен износ при самото пријавување за престој. Во кампот е можно да се плати во готово – исклучиво во денари, или со било која платежна картичка. Доколку плаќате со Динерс Клуб картичка, плаќањето може да се изврши на 12 еднакви рати без камата, а доколку плаќате со Американ Експрес картичкана, инфорирајте се во вашата банка за определниот поврат на пари кој ќе го добиете од банката за секое плаќање во кампот.
    4. Прием на гости се врши најрано од 13:00 часот, а одјавувањето е најдоцна до 10:00 часот. Доколку посетителот има потреба за подоцнежно одјавување (дополнителни 2-4 часа), треба претходно да ги извести рецепционерите и во зависност од исполнетоста на капацитетот истото може да биде бесплатно или за таа услуга да се плати одреден надоместок, не поголем од половина од цената за еднодневен престој.
    5. Секоја изнајмена опрема или предмети од кампот подлежат на депозит за обезбедување, кој се враќа при одјавување на посетителот. Како форма на депозит може да се користи кредитна картичка или готовина. Ако изнајмените опрема или предмети не се вратат или се оштетени, тогаш нивната вредност се наплаќа од посетителот пред неговото заминување. Доколку посетителот замине без да ги намири сите обврски, истите ќе бидат подмирени од оставениот депозит или кредитна картичка.
    6. Сите патеки во кампот мора да бидат слободни и проодни. Строго е забрането движење на возила во кампот надвор од обележаните патеки за возила. Максималната дозволена брзина на возење во кампот е 5 km/h. Паркирањето на возилата е дозволено само на предвидениот простор за паркинг. Во исклучителни ситуации, доколку постои сериозна причина, може да се паркира надвор од обележаниот паркинг со претходно одобрување од рецепционерот во кампот. Секоја штета или сообраќајна несреќа во рамки на кампот се смета за одговорност на странката што ја предизвикала несреќата и ќе биде покрената правна постапка.
    7. Мотоциклите треба да се паркираат на соодветен начин во рамки на предвидениот паркинг простор, при што треба да се обезбеди нивната стабилност, односно да се избегне нивно паѓање и предизвикување евентуална штета на други возила во близина.
    8. Возилата кај кои има протекување на одредени течности (на пр. масло), ќе бидат отстранети од кампот.
    9. Празнењето на хемиските тоалети од камп-приколките е дозволено само на определено место за таа намена. Ве молиме, известете го рецепционерот кога имате потреба да ги испразните резервоарите од хемиските тоалети.
    10. Локацијата за сместување со шатор или приколка се определува при самото пријавување во кампот. Промената на локацијата е можна доколку постои слободен капацитет, но за тоа претходно е потребно да добиете одобрување од рецепционерот. Кампот го задржува правото да ја промени локацијата за сместување на посетителот, доколку е тоа неопходно.
    11. Палењето оган во кампот е строго забрането, освен на местата предвидени за тоа. Претходно треба да се најавите доколку сакате да користите огниште. Услугата не се наплаќа, меѓутоа доколку постои оправдана причина (силен ветер или било какво загрозување на безбедноста на другите кампери) рецепционерот има права да не ја дозволи таа услуга.
    12. Доколку сакате да направите скара, тоа може да го правите само на простор конкретно наменет за таа намена.
    13. Кампот располага со посебна целосно опремена кујна со заеднички фрижидери која е на располагање на гостите. Гостите се должни да ја одржуваат уредна и пред заминување од кампот да ги испразнат фрижидерите за да се обезбеди простор за останатите гости.
    14. Децата под 14 години може да ги користат различните услуги во кампот со надзор на нивните родители. Децата може да возат велосипеди и тротинети во рамки на кампот, при што целосната одговорност за нивната безбедност е на нивните родители/старатели.
    15. Домашните миленици се добредојдени во кампот за што се наплаќа симболична сума. Гостите што престојуваат со свој шатор или камп-приколка имаат можност да го поведат со себе и своето милениче. Доколку престојувате во објект во сопственост на кампот треба претходно да најавите дека доаѓате со миленик, за кампот да ви обезбеди соодветно сместување. При самото пријавување за престој, сопственикот треба да приложи документ дека миленикот е здав и ги има соодветните здравствени прегледи и вакцини и дека не е опасен по другите гости и миленици во кампот. Сопственикот е должен миленкиот да го води на поводник за цело време, или да обезбеди соодветен кафез. Сопствениците на миленичиња треба да ги изнесуваат животните кога треба да ги извршуваат физиолошките потреби, без да ги вознемируваат другите посетители, на локација обележана за таа намена. Користењето на тоалетите и туш-кабините за домашни миленици е забрането.
    16. Време за одмор во кампот е од 14.00 до 16.00 часот, како и од 22.00 до 07.00 часот.
    17. Снабдувањето со електрична енергија е исклучиво за осветлување, радио, ТВ, полнење на преносни уреди и фрижидер. Воспоставената мрежа на електрична енергија низ кампот не е намеета за готвење и греење и може да резултира со прекин на снабдувањето со електрична енергија.
    18. Кампот е покриен со WI-FI сигнал. Податоци за бесплатен пристап на мрежата ќе добиете при пријавувањето во кампот. Бесплатниот пристап овозможува проверка на вашиот е-меил, примање/праќање текстуални пораки преку апликации и посета на веб-страници. Доколку имате потреба од интернет конекција која овозможува поголем трансфер на податоци (YouTube, Netflix и сл., праќање/примање на поголеми фајлови), обратете се до рецепционерот за да добиете лозинка за целосен широкопјасен интернет пристап, при што за таа услуга се плаќа дополнителен надомест.
    19. Кампот располага со систем за греење вода кој обезбредува 24 часа во денот топла вода наменета за гостите. Сепак ние се грижиме за животната средина и ве замолуваме водата, сите заедно да ја користиме совесно.
    20. Кампот располага со сопствена служба за одржување на хигиена, меѓутоа хигиената во голема мера зависи и од самите кампери. Ве молиме сите заедно да се грижиме за хигиената: отпадот да го одлагаме на посебно означени места и да се грижиме заедничките простории во кампот да ги оставаме чисти и во најдобар можен ред. На местото за одложување на отпад ќе најдете посебни канти за стакло, пластика и алуминиум. Останатиот отпад не се сортира.
    21. Не е дозволено миење на вашиот караван/приколка, шатор или автомобил во кампот. За тоа постои посебен простор и потребно е да се консултирате со рецепционерот.
    22. Кампот не е одговорен за евентуални штети и загуби предизвикани од кражба, природна непогода или виша сила.
    23. Влезот и престојот во кампот подразбира почитување на наведените правила.
    download PDF: 2021 Правилник за престој во Камп СКАУТ

    Ви благодариме што се грижите за нашиот камп и ја почитувајте приватноста и правата на сите наши гости 😊

    Ви посакуваме пријатен престој во Кампот Скаут во Струга

tell me more

Enter your details below and learn about all the adventures we have.



    Or call us for more info: