PADI OPEN WATER DIVER CERTIFICATION COURSE
Камп СКАУТ Струга во соработка со Нуркачкиот Центар СКАУТ, го најавува првиот Курс за Нуркање и сертификација од најголемата светска нуркачка асоцијација ПАДИ. Овој 5 дневен курс ќе ве воведе во тајните и вештините на нуркањето во отворени води.
Курсот вклучува:
- 5 академски/теоретски часови,
- 5 нуркања во политка вода,
- 4 нуркања во длабока вода,
- материјали за учење, надгледни средства и опрема.
- Сертификат PADI (OPEN WATER DIVER) – за самостојно нуркање до 18 метри длабочина
- Сместување во шатор на база на полн пансион доручек и вечера во кампот и ручек ланч пакет за време на нуркањето. (секој учесник на курсот е сместен во посебен шатор)
За да се формира група потребни се најмалку 6 лица а не повќе од 9 лица. Доколку има поголема заинтересираност курсот ќе се повтори.
Вкупна цена за целиот аранжман, вклучувајќи сместување на база на полн пансион во шатор, лична опрема за нуркање која ќе ви е достапна за целото времетраење на курсот, и сертификат PADI Open Water Diver изнесува 21000 денари. Цена за придружник без нуркање изнесува 9900 денари.
Можност за плаќање на 12 рати со DINERS CLUB картичка