OUTDOOR & NAUTICA EXPO 2023
Закуп на штанд 3х3 – EXPO23
OUTDOOR & NAUTICA EXPO 2023
Закуп на танд 3х3 – EXPO23
Камп СКАУТ Струга, 19-21 Мај, 2023
Цената вклучува:
- Шатор 3х3m,
- маса,
- приклучок за струја,
- видливост во промо материјали на настанот,
- објави во социјални медиуми,
- лого на прес/фото банер,
- можност за видео презентации и реклами
Ве покануваме да земете учество и да ги презентирате вашите производи и услуги на OUTDOOR & NAUTICA EXPO 2023, кој ќе се одржи од 21-23 Април 2023 година во камп СКАУТ во Струга (www.camp.mk).
Во последните три години луѓето како никогаш досега, својот одмор или викенди ги помина настрана од сите гужви, дружејќи се во помали групи и практикувајќи авантури на отворено. Outdoor активностите и авантуристичкиот туризам привлекоа огромен број на посетители во камповите, на велосипедските тури, планинарските авантури, кајакарење, нуркање…. Зголемениот број на љубители на outdoor активностите ги поттикна луѓето да започнат нови бизниси поврзани со опрема, услуги или туристички активности кои се случуваат на отворено. На тој начин во последните 3 години луѓето отворија преноќишта во селата и на планините, организираа планинарски тури, изнајмуваа АТВ мотори и електрични велосипеди, водеа групи на кајак тури или едрење.
Со цел да ги доближиме луѓето до активностите на отворено и правилно да ги едуцираме, се одлучивме да го организираме OUTDOOR & NAUTICA EXPO 2023 од 21-23 Април 2023 година во камп СКАУТ во Струга(www.camp.mk) .
Целта на овој настан е да се презентираат сите компании и индивидуи кои нудат опрема или услуги од областа на outdoor активностите, да слушнеме едукативни презентации и да направиме вмрежување на повеќе субјекти од outdoor индустријата.
На OUTDOOR & NAUTICA EXPO 2023 се очекува да учествуваа компании и индивидуи кои ќе ги презентираат своите производи пред посетителите како што се: опрема за кампување и логорување, професионална и рекреативна планинарска опрема, сместување во кампови, селски и планинарски куќи, продажба и изнајмување на (електрични) велосипеди, АТВ, УТВ, планинарски тури и јавање коњи, нуркање и нуркачка опрема, кајаци и веслање, наутика, чамци и други интересни производи и услуги.
Сметаме дека вашата дејност е директно поврзана со outdoor активностите во Македонија, и со таа цел Ве покануваме да земете учество и да ги презентирате вашите производи и услуги на OUTDOOR & NAUTICA EXPO 2023.
Read more
