9.3 Booking.com award for our first season
ПРВО ПА… НАГРАДЕНО!
Додека ве држиме во неизвесност за тоа што сè ви подготвуваме во Камп Скаут, прво да се пофалиме 😀
По најтешката година за туризмот, 2021-ва ја почнуваме со награда од Booking.com, благодарение на оценката 9,3 добиена од сите вие што нè посетивте минатата година. Имајќи предвид дека тоа ни беше прва година, ние сме презадоволни, а годинава ќе се трудиме и да се надминеме J
Следете нè – наскоро ќе ви откриеме кога ќе биде големото отворање и почетокот на СЕЗОНА 2 во КАМП СКАУТ 😉