СО НОВАТА СЕЗОНА ДОАЃААТ И МНОГУ НОВИ РАБОТИ ВО КАМП СКАУТ
Периодов додека се подготвуваме за отворањето на нашиот камп, работиме на многу новини со цел вашиот престој да го претвориме во уште поголемо уживање.
Омилен новитет ни е пицеријата, каде што готвачот Дени цело лето ќе ги покажува своите пица-вештини, а сите ние ќе можеме да се насладуваме во неговите пици.
Погледнете на сликата што друго е ново во кампот и уште сега резервирајте си го вашето место за летово.