Подготвени и… АКЦИЈА!
Во пресрет на Велигденските празници и на отворањето на кампот (кое го најавуваме за 14 мај), за сите што ќе резервирате најмалку 3 дена престој во кампот во текот на летото, подаруваме ГРАТИС ваучер од 1.000 денари.
Ваучерот можете да го искористите за дополнителните активности, како што се изнајмување велосипеди или кајаци, за нуркање, возење со глисер, дискавер скуба… Со други зборови, за комплетно искуство на уживање!
При регистрацијата внесете го кодот за ваучер: veligden2021
Акцијата важи до 05.05. (среда), а добиените ваучери ќе можат да се искористат до крајот на сезоната.
