Co-work in the Camp SCOUT
Работа си е работа, ама и природата си е природа 🙂
Што велите летово да дојдете и да работите од нашиот камп? Сакате сместете се на клупа, сакате на трева, па и на нишалка… Под сенката на старите борови, со шумот на зелените лисја и цвркотот на веселите птици, а и со чистиот воздух покрај езерото – сигурно ќе бидете 100% попродуктивни!
Ние веќе подготвуваме и делови во кампот кои ќе бидат специјално наменети за co&work. Па, ако ве бендиса идејата, слободно барајте нè да ви дадеме повеќе детали.