CAMP & HIKE EVENT
CAMP & HIKE event 2022 | ADVENTUREMK x CAMPING SCOUT
Знам, знам. Го чекавме предолго и ние и вие!
Нашиот фокус е ставен на планината Јабланица и Охридско Езеро, а заедно ќе ти овозможиме да ги истражиш најубавите и недопрени локации, преку камп настани во кои се вклучени различни активности, секоја од нив еднакво забавна и возбудлива!
ДАТУМ: 21 – 22 МАЈ
Главната цел на овој настан е да освоиме три планински езера, од вкупно четири на Јабланица!
- Мало Лабунишко Езеро
- Големо Лабунишко Езеро
- Подгоречко Езеро
Патеката е долга 14км и лесна за совладување. Ќе наидеме на бескрајно живописна природа и несекојдневни пејзажи по пат!